Емоционална Интелегенција

Вежбајте со трпението на детето. Трпението е вештина која се развива бавно и постепено, во текот на подолго временско раздобје (од 1 до 18 години од животот). Никогаш не е ниту прерано, ниту прекасно да почнете да вежбате со трпението на децата. На пример, додека чекате ред во продавница, речете му на своето дете: „Еј, ајде да вежбаме трпение”. Битно е да ја именувате вештината која ја вежбате. Разговарајте за тоа што таа значи, каква може да биде и слично. Разговарајте и за начините на кои трпението може да се развие и давајте му примери, на пр., како во текот на периодот од неколку месеци да собира пари за велосипед, како да го дочека викендот за да си игра со пријателите или некој друг пример кој би имал смисла за вашето дете.

Бидете модел за емоционално интелигентна личност за вашето дете. Добро познат и истражен факт е дека децата учат, набљудувајќи, односно, забележувајќи го однесувањето на другите личности (модели) и последиците кои тој модел со своето однесување ги предизвикал.


Бидете свесни за сопствените родителски неуспеси. Запознајте се себеси и она што вас може да ве „турне од работ”. Дали е тоа чувство на недостаток на контрола? Или можеби чувствувате дека децата недоволно ве почитуваат? Зад тие неуспеси лежи некаков страв. Запознајте ги вашите стравови, па во друштво на вашите деца помалку ќе доаѓате во ситуации кога нешто ќе ве „турка од работ”. Познавањето на сопствените неуспеси не значи дека тие едноставно ќе престанат да постојат – туку го олеснува планирањето и носењето со нив во различни секојдневни ситуации.

Родителот, секако, претставува еден од најсилните модели од кои детето учи. Набљудувајќи  ве вас, детето учи, како вие реагирате на фрустрации и колку сте „присутни” во сопствениот живот, дали и колку сте свесни за сопствените емоции и емоциите на другите луѓе.


На децата им е потребна игра. На децата им е потребна активна и слободна игра, а не седење пред екраните. За да ја развијат креативноста и вештината на решавање на проблемите, на децата треба да им се овозможи и дозволи доволно време за слободна игра (односно, неструктурирано поминување на слободното време). Она што децата ќе го научат од вас и низ слободната игра, од другите деца, претставува основа на подоцнежниот развој на емоционалната интелигенција.

Вашите деца се прекрасни. Нема подобар начин да ги научите  децата на емоционална интелигенција од тоа да ги гледате како прекрасни и способни, она што тие и навистина се. Ако сопствените деца ги гледате како прекрасни, ќе добиете од нив многу од тоа „прекрасното”. Ако за нив мислите дека се проблем, ќе добиете многу „проблеми”. Сѐ е до тоа како ги перцепирате нештата.

Извор: Карма Каша.