Интересни факти за играчките

  • “LEGO” е број 1 призводител на гума, во светот. Произведуваат 306 милиони мали гумички годишно.
  • Втора најстара играчка во светот, се верува дека е Јо-јо. Името Јо-јо доаѓа од Филипинскиот израз: дојди-дојди.
  • Јо-јото првично било оружје на Филипинските острови во 16ти век
  • Куклите се сметаат за најстарите играчки во историјата.
  • “McDonald’s” е најголемиот дистрибутор на играчки ширум светот.
  • Целото име на “Barbie” е Barbara Millicent Roberts (името на ќерката на креаторот).
  • “Barbie” за прв пат се претстави на светот во 1953 год. и чинела само 3 долари. Денес, секоја секунда бележи 2 продадени Барби кукли, ширум светот.
  • Од 1959 год. па наваму, 114 милиони метри материјал се потрошени, за креациите на куклата Барби.

fakti lego

  • Која компанија произведува повеќе авиони од Боинг? Одговор : “Spin master”. Од 1998 год. па наваму, имаат произведено 10 милиони авиони.
  • Пластелинот првично се користи како средство за чистење на тапети. Состојките се тајна.
  • Името на “LEGO” доаѓа од данскиот израз ” leg godt” (играј добро).
  • Најстарата друштвена игра датира од античко време. Пронајдени се докази во Египетска гробница.
  • Хемискиот инжинер Нил Толотсон, случајно го создава гумениот балон, додека се обидува да направи течна гума.
  • Од 1935 година па наваму, се „изградени” 5 билиони Монопол (Monopoly) куќички.
  • Кермит жабата е левучар.
  • Во Индонезија, хулахопот е забранет бидејќи имало опасност “да потикне страст”.
  • Советскиот сојуз, хулахопот го прикажува како симбол за празнината на Американската култура.