Не се залажувајте, бебешките играчки не се само за забава

Детска игра

Играњето не е само можност за забава и разонода, а исто така за едукација и физички развој. Запомнете дека првите три години  од животот на вашето дете се најважни, за развој на нивниот мозок. Овие три години ќе се афектираат во нивниот живот најмногу од било кој друг период.  Децата имаат јасно определена потреба за секој стадиум во нивниот развој. Визуелната перцепција, запознавањето на светот преку допир, рака – око координација и развивање на моториката, се само неколку работи кои ќе бидат помогнати од првите бебешки играчки, со кои ќе си играат. Времето за приказна и играта со тркалање ги стимулираат имагинацијата и концентрацијата.  Проектите за уметност ја потикнуваат и будат креативноста. Пеењето, музиката и игрите на друг јазик, го развиваат афинитетот кон музика и други култури. Готвењето, работењето во градина/двор и божемското играње на други домашни активности, го стимулираат осетот за одговорност и кооперативност.

Децата поседуваат природна креативност и вродено знаење за неговото развивање и растење преку игра. Флексибилните бебешки играчки (т.е чијашто намена не е строго одредена), го потикнуваат имагинативното играње и помагаат во развојот на физичката координација, социјалната интеракција и менталната способност.

Бебешките играчки со поширока примена (топка, сортери, дрвени форми…), го потикнуваат детето да креира нов идентитет, нова особеност за одредена играчка и тоа умешно го развива со секое повторно играње, стимулирајќи ја имагинацијата. Пробајте во неговата игра да внесете играчки направени од дрво, или од други природни материјали. Долгиот живот и квалитетот на бебешките играчки, рефлектираат супериорност и истрајност, а тие се особини многу важни за светот на бебињата. Т.е колку подолго детето си игра со една играчка, толку подобро ја запознава, упознава, разликува, изучува… не случајно првите играчки остануваат најмили – засекогаш!

Бидете имагитивни, креативни и никогаш штедливи во врска со вашето дете. Вашата љубов и преданост ги обликуваат и креираат личноста и карактерот на вашето најсакано!