Рецепт за среќен живот

  • Секој ден почнувај го со нов и свеж старт. Остави ја емоцијата од вчера, завчера, предходната недела – тоа е веќе поминато!
  • Биди тоа што си. Престани да се обидуваш да бидеш некој друг. Оригинална верзија од себеси е подобро од тоа да бидеш нечија копија.
  • Престани да се жалиш. Не биди како куче што вие, цело време со жалење и сожалување, а без да се направи ништо. Наместо да се жалиш за твоите проблеми, работи на нивно решавање.
  • Биди проактивен. Не чекај другите да заземат иницијатива за нештото. Биди ти прв.
  • Наместо да размислуваш “што ако”, размислувај со “следниот пат”. Не мисли на работи кои не можеш да ги промениш, или на тажни работи. Тие се демотивирачки. Фокусирај се на работи кои МОЖЕШ да ги направиш. Тоа е најконструктивната работа која можеш да ја направиш во секоја ситуација.
  • Фокусирај се на ШТО vs. Како. Фокусирај се прво на ШТО сакаш, пред да почнеш да размислуваш КАКО да го направиш тоа. Се е возможно, доколку во иста насока се стремат умот, срцето и душата.
  • Создај си свои можности. Можеш да чекаш да ти паднат од небото, или да излезеш надвор и да си создадеш твои.
  • Живој го свесно секој ден. Престани да месечариш во животот. Животот треба да се искуси, а не да се пројде.
  • Биди посветен на твоето растење и усовршување. Во “Мапата на совеста”, има 17 нивоа на свест – од Срам до Просветлување. Колку на поголемо ниво ти е совеста, толку побогато ти е животното искуство. Достигнувањето на повисока свест, доаѓа од посветеноста на личното растење.
  • Спознавај го твоето внатрешно јас. Тоа значи да се познаваш кој си и што претставуваш. Биди начисто со својот персонален идентитет.
  • Откриј ги своите животни цели. Нека нивното остварување биде твоја мисија, за да ја достигнеш полността на животот.
  • Откриј ги своите вредности. Вредностите се суштината на тоа кој си ти. Откриј ги, а преку тоа откриј се самиот себе си.
  • Направи го својот живот идеален. Што е идеален, перфектен живот? Создај го. Прво процени го својот живот. Потоа запрашај се што треба да се направи за да го оцениш со 10 од 10 (во сите области – кариера, здравје, љубов, социјален живот итн.). Каков треба да биде животот, за да ти бидеш најисполнетата личност? Нема граници во животот -освен оние кои сам си ги поставуваш.
  • Прави ги нештата кои ги сакаш, затоа што животот е премногу скапоцен, да го потрошиш на нешто што не сакаш. Троши ги енергијата и времето на работи кои ти носат само среќа и хедонистични моменти.
  • Пронајди ја страстта на твојот живот. Што те возбудува? Излези надвор и пронајди што е тоа!
  • Биди позитивен. Дали чашата е полу празна, или полу полна? Ајде да не е ниедно од тоа! Во суштина СЕ Е полно – пола чаша е полна со вода, пола со воздух. Се е во перцептивноста. Ако можеш да ја гледаш позитивната страна на нештата, ќе живееш многу побогато од другите. Исчисти ја непотребната негативност од твојот живот.
live is good