Детската фантазија нема граници!

Како одговараат децата. Погледнете ги најчистите, најубавите и најинспиративни одговори…

Што е душа?

  • Душа е, кога мама ти стави слатки на масата, а ти ги оставаш на братчето. (8год.)
  • Душата има форма на срце. (8 год.)

Што е тага?

  • Тага е кога еден човек оти кај друг и ногу пие. (7 год.)

Зошто коњите имаат подковици?

  • На коњот му ставаат подковици, затоа што тие се полесни од него и се движат побрзо. (8 год)
  • На коњот му ставаат подковици, за да не падне на грб. Кога му ја потегнуваат уздата, тој застанува благодарение на потковиците. (9 год.)
  • На коњот му ставаат подковици, за да тропа по улиците, затоа што инаку не би бил коњ. (7 год.)

Што означува зборот модерен”?

  •  Модерен е, кога ќе видеш нешто убаво и скапо, а немаш пари. (12 год.)

Како успеваат пролетните птици да летаат ден и ноќ, преку илјада километри?

  • Ластовичките, кога тргнуваат накај топлите предели, по патот се сместуваат на крилјата на штрковите и се одмараат. Кога тргнуваат на долг пат, птиците си зимаат за јадење. Пред да отпатуваат, стојат месец-два, за да одморат. (7 год.)