Често Поставувани Прашања

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Не мора да сте најавени за да додавате производи во кошничката. Но, за да го финализирате купувањето, ќе мора да внесете Ваши податоци – кои ни се примарно потребни за да знаеме каде да ја испорачаме Вашата нарачка. 

Да, доколку сте регистрирани и логирани, производите ќе бидат зачувани во Вашата кошничка, за да може да продолжите со процесот на купување кога тоа Вам ќе Ви одговара.  Исто така зачувана ќе биде и листата на омилени производи.

При самиот чин на плаќање нашата страна Ве директира на страната на картичниот процесинг центар на Халкбанк (https://epay.halkbank.mk/servlet/est3Dgate), којашто е заштитена и Внесувањето на Вашите податоци се одвива на максимално безбеден начин. ХАЛКБАНК оваа услуга ја имплементираше преку новиот безбедносен систем кој Visa International го разви – Verified by Visa (VbV) и  MasterCard International – Master Secure Code. Verified by Visa и Master Secure Code системите се глобални програми дизајнирани да го направат on-line шопингот побезбеден и посигурен за купувачите и трговците. Verified by Visa и Master Secure Code ја зголемува довербата на купувачот во on-line купувањето охрабрувајќи ги дека VISA и MasterCard, Банките и трговците работат заедно на начин да обезбедат сигурно on-line купување.

 

Повеќе за процесинг центарот и нивото на заштита може да дознаете на овој линк.

Ако е налогот точно пополнет, ние Вашите податоци ќе ги видиме на изводот од банка на кого се регистрирани сите наши приливи на сметка. Но, за поголема ефикасност и брзина, Ве молиме по извршувањето на уплатата со хартиен или електронски ПП30, контактирајте не телефонски 079 401 370 или на mail : support@sakamigracka.mk

Компаниите за брза испорака на поштенски пратки PostExpress и Eco Logistic со кои соработуваме, во вакви случаи наплатуваат 1% од вредноста на пратката, но не помалку од 30денари.  Но, тоа не е Ваша грижа бидејќи овој трошок е на наш терет – Вие плаќате исто, независно од тоа дали ќе изберете плаќање при превземање или плаќање on-line.

Да, при финализирање на процесот на купување, ќе Ви биде поставено прашање дали Вашата адреса и адресата на испорака на производот се совпаѓаат или не.  Ако се работи за поклон за трето лице, адресите ќе бидат различни и ова е моментот каде што тоа треба да го прецизирате.  Исто така, овде ќе имате можност и за избор дали производот да биде ставен во украсна хартија или не и дали ќе сакате со производот да биде ставена картичка со текст, при што имате поле за внесување на текстот.

Курирските служби PostExpress и Eco Logistic (екстерни фирми кои ја вршат доставата за нас) пратките ги доставуваат на адресата за испорака со следното работно време и тоа: 

  • PostExpress секој работен ден од 8 до 16 часот и сабота од 9 до 14 часот, а
  • Eco Logistic од Понеделник до Петок – 09ч до 17ч и Сабота – 09ч до 15ч. Ве молиме во тој период да има личност која ке може да ја прими доставата
  •  Ако нарачката на производите се направи во периодот од 8 до 16:00 часот секој работен ден или од 8 до 14:00 часот во сабота, производите ќе бидат испорачани следниот работен ден ако адресата на испорака е во Скопје или најкасно 5 работни денови од 9:00 до 16:00 часот за пратка чија адреса за испорака е надвор од Скопје. Ако производите ги нарачате после 16:00 часот или 14:00 во сабота, ќе се смета дека нарачката е примена наредниот работен ден, односно рокот ќе се продолжи за 1 ден.
  • На следниот линк прочитајте повеќе детали околу испораката.

Ако сликите и описите од нашиот сајт ги изневерат Вашите очекувања, производот може да го вратите во рок од 15 дена со можност за целосна рефундација на цената на производот. Важно е притоа, амбалажата и производот да бидат 100% неоштетени.

Ако производот е неисправен, Ве молиме известете не што поскоро, а најкасно во рок од 15 дена од приемот на истиот, за да може да постапиме по Вашата рекламација, рефундирајќи ја цената на производот, или заменувајќи го со друг – зависно од Вашата желба.

За да можеме да го испорачаме производот, потребна ни е точна адреса, а телефон бараме за да може да го контактираме примачот за консултација околу точната локација на испорака, како и за времето на испорака.  Вашиот телефон го бараме за консултација околу производите и производните варијанти (во случаи кога има повеќе производни варијанти, на пр. бои, дезени и сл.), околу плаќањето и испораката.

Вашите податоци се чуваат на серверите на нашиот хостинг провајдер и се пристапни само на администраторите на сајтот и на никој друг.  За повеќе детали околу заштитата на Вашите лични податоци, Ве молиме погледнете ја нашата политика на приватност.

Ние сме online продавница и не постои можност производите да се видат во живо пред да се купат.  Но, доколку Ви се потребни дополнителни слики или видеа, можеме истите да ги доставиме на Ваше барање.

Производите кои ги гледате на овој сајт ги имаме на залиха, а евентуалното “непостоење” на некој производ, може да се случи поради пермутација на шифри при издавање (што ќе креира вишок од еден производ, а кусок од друг), ако некој го украде производот или во случај на софтверски грешки.  Посебен случај е ако производот го има на залиха, но со тек на време и манипулација на некој начин производот или амбалажата се оштетиле.  Затоа инсистираме на Ваши контакт податоци, за да можеме да Ве консултираме и во вакви случаи.

Испораката се врши исклучиво на територијата на Република Северна Македонија и истата се остварува преку надворешни соработници за испорака и достава.