НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ

Нарачката можете да ја платите во готово на курирот во моментот на превземање на пратката, електронски со налог ПП30, со хартиен налог, уплатница или со електронска платежна картичка во тек на процесот при купување на сајтот. Плаќањето се врши исклучиво во домашна валута.

1.1 ПЛАЌАЊЕ ON-LINE СО КРЕДИТНА ИЛИ ДЕБИТНА КАРТИЧКА Master, Maestro или Visa

Наједноставниот и најбрз начин е плаќањето со платежна картичка.

НГ-ИТ Лабс, со својот партнер ХАЛКБАНК АД Скопје  Ви гарантира сигурност и безбедност на највисоко ниво. Вашите податоци ги внесувате директно на сајтот на процесинг центарот на Халкбанк. Вашите податоци се безбедни преку новиот безбедносен систем развиен од Visa International – Verified by Visa (VbV) и MasterCard International – Master Secure Code.

Verified by Visa и Master Secure Code системите се глобални програми дизајнирани да го направат on-line шопингот побезбеден и посигурен за купувачите и трговците.
Логото на Verified by Visa и Master Secure Code се гаранција дека организацијата и спроведувањето на плаќањето на овој сајт ги минало најстрогите стандарди за електронско плаќање наметнати од Visa и Master Card.

Битно е да знаете дека НГ-ИТ Лабс односно sakamigracka.mk воопшто не доаѓа до Вашите податоци за платежната картичка, бидејќи истите ги внесувате исклучиво преку сигурна конекција (https://) на сајтот на Halkbank којшто по завршување на плаќањето Ве пренасочува назад, на sakamigracka.mk

Битен предуслов за да може да ја користите Вашата картичка за плаќање преку интернет е истата да е оспособена за плаќање преку интернет што значи на позадината на картичката да има CVC или CVV code.

1.2 ПЛАЌАЊЕ СО ЕЛЕКТРОНСКИ НАЛОГ ПП30 ИЛИ СО ХАРТИЕН НАЛОГ ПП30

Ако користите плаќање преку интернет преку сајтот на својата Банка во којашто имате трансакциона сметка (Е-banking) за да ги платите своите сметки преку интернет, и веќе сте се увериле во едноставноста и сигурноста на овој процес, сосема едноставно и брзо можете истиот да го употребите и за плаќање на производи од sakamigracka.mk

Во овој случај, парите треба да ги уплатите на жиро сметка на компанијата НГ-ИТ ЛАБС:   270053096110147 – Халк Банка, со назначување на бројот на нарачката во полето повикување на број.  Нарачката ќе биде испроцесирана веднаш по приемот на вашите пари. 

Доколку немате ниту платежна картичка, ниту E-banking – можете да отидете во банка и да префрлите пари од Вашата трансакциска сметка на сметка на НГ-ИТ Лаб, така што ќе пополните налог ПП30 во корист на веќе споменатата жиро сметка, и плаќањето ќе биде завршено.

1.3 ПЛАЌАЊЕ СО УПЛАТНИЦА

Едноставна уплата на готовина преку Банка, следете ја сликата:

Едноставна уплата на готовина преку Банка, следете ја сликата:


1.4 ПЛАЌАЊЕ ПРИ ПРИЕМ НА ПРОИЗВОДИТЕ

Вашата нарачка може да ја платите и при прием на производите, така што износот на нарачката заедно со трошокот за испорака ќе го платите во готово директно на курирот којшто ќе ја донесе нарачката на избраната адреса.