ОПШТИ УСЛОВИ

ОПШТИ УСЛОВИ

за купување на производи преку www.sakamigracka.mk

Почитувани корисници,

Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа веб страна.

Дефиниции

Зборовите употребени во Овие Општи Услови ќе го имаат следново значење:

КУПУВАЧ – e секое физичко или правно лице кое се јавува во својство на купувач на производи, односно се најавува на страната www.sakamigracka.mk со цел да изврши купување на производи.

ПРОДАВАЧ – е  Друштво за ИТ услуги и трговија НГ-ИТ Лабс ДООЕЛ Богданци, со седиште: Ул. Страшо Пинџур Бр.3 1484 Богданци, Република Северна Македонија, со матичен број 5309611 и даночен број МК4006999109929 сопственик на страната sakamigracka.mk

Регистрација на КУПУВАЧ

Како КУПУВАЧ на производи и услуги од Веб продавниците може да се јави:

1. Секое деловно способно физичко лице, кое поседува валидна е-маил адреса

2. Правно лице, преку свој овластен претставник.

Со самата регистрација како Купувач и креирање на профил,

– КУПУВАЧОТ физичко лице потврдува дека: има полни 18 години, а податоците за неговото име и презиме и e-mail адреса, коишто ги внел во процесот на регистрација се валидни во моментот на регистрација и процесирање на нарачката,

– КУПУВАЧОТ правно лице потврдува дека: е легално регистрирано и постои во моментот на регистрација и процесирање на нарачката, функционирајќи согласно законите на матичната замја, а информациите за називот и e-mail адресата кои ги има обезбедено при регистрацијата се валидни во времето на регистрација и процесирање на нарачката.

Купување на производи и услуги

ПРОДАВАЧОТ ќе пристапи кон процесирање (пакување и испорака) на нарачката на КУПУВАЧОТ откако ќе биде финализирана нарачката од страна на КУПУВАЧОТ. Во случај на online плаќање со платежна картичка, најпрвин се врши процесот на online плаќање, па потоа се финализира нарачката.

  • При финализирање на нарачката, КУПУВАЧОТ ќе добие потврда на mail со содржина на направената нарачка.  При потврдување на нарачката, КУПУВАЧОТ остварува директен купопродажен договор со ПРОДАВАЧОТ, и притоа помеѓу нив важи законската регулатива од оваа сфера.
  • По извршување на пакувањето и испораката на производите, КУПУВАЧОТ ќе добие e-mail порака со која ќе биде известен за статусот на неговата нарачка, односно ќе го извести КУПУВАЧОТ за тоа дали неговата нарачка е спакувана и испорачана, времето на отпрема на нарачката и времето кога се очекува да пристигне нарачката на саканата адреса.

Цени на производите и услугите

Продажните цени на производите се прикажани кај секој производ и истите го содржат Данокот на Додадена Вредност. Наплатата на производите секогаш се врши во денари.

  • За секоја извршена нарачка чија крајна дестинација е една иста адреса, на КУПУВАЧОТ ќе му бидат наплатени дополнителни 150 денари, како трошок за испорака на нарачката.

  • Ако нарачката на КУПУВАЧОТ содржи повеќе производи, ПРОДАВАЧОТ сите производи ќе ги спакува заедно и ќе ги испрати во една пратка.

  • При испорака на нарачката, примателот на нарачката треба да се потпише на доставницата за производите, со што ќе гарантира дека ги примил производите.

  • ПРОДАВАЧОТ ќе ги чува податоците за сите направени нарачки и испораки направени во последните 3 (три) години.

  • КУПУВАЧОТ гарантира дека примателот на нарачката ќе биде достапен на наведените адреса и телефонски број. Фирмите за испорака на пратки ќе се обидат да стапат во контакт со примателот на пратката. Во случај примателот на пратката да не биде пронајден на наведените телефони и адреса и обидот за испорака не успее, трошокот за повторна испорака ќе го сноси КУПУВАЧОТ.

  • КУПУВАЧОТ не смее да внесе поштенски фах како место за испорака на нарачката. Но, ако тоа сепак се случи, ПРОДАВАЧОТ не е обврзан да изврши испорака на таквата нарачка.

Рекламација на производ

Во случај на неисправен производ, КУПУВАЧОТ треба да го контактира ПРОДАВАЧОТ во рок од 3 дена од денот на прием на производот. Во тој случај, доколку за неисправноста и-или нефункционирањето на производот, се утврди дека КУПУВАЧОТ нема никаква вина, ПРОДАВАЧОТ ќе го замени производот со ист таков производ, или друг производ – на барање на КУПУВАЧОТ или ПРОДАВАЧОТ ќе му ги врати парите на КУПУВАЧОТ.

Враќање на производ поради незадоволство од истиот

Во случај КУПУВАЧОТ да не е задоволен од производот, бидејќи поради неможноста производот лично да се види пред чинот на купување и испорака КУПУВАЧОТ стекнал погрешна претстава за производот од прикажаните слики и/или описи, КУПУВАЧОТ има право да го врати производот на ПРОДАВАЧОТ, на ист начин и во исти рокови како да се работи за неисправен производ и во тој случај ПРОДАВАЧОТ ќе постапи исто како да се работи за неисправен производ. Во тој случај, осигурете се дека производот е во своето оригинално пакување и истиот не е користен, отворен или оштетен. Во спротивно, КУПУВАЧОТ нема да може да го оствари ова право. Трошокот за враќање на производот во овој случај е на терет на КУПУВАЧОТ.

Услови за остварување на правата на КУПУВАЧОТ

За да ги оствари правата од овие општи услови КУПУВАЧОТ должен е да ги приложи документитие кои му биле дадени при испорака на производот како и производот да го чува неоштетен и неупотребуван.

Измена на општите услови

НГ-ИТ Лабс може да ги промени овие Услови на користење, доколку тоа го налагаат условите на пазарот или позитивните законски прописи. Притоа, измените или дополнувањата ќе бидат јавно објавени и достапни за купувачите, односно истите ќе бидат објавени на оваа Веб страна не подоцна од 7 дена пред стапување во сила на промената. Секој корисник е согласен со ваквиот начин на известување за промените на Условите на користење.

НГ-ИТ Лабс ДООЕЛ – ќе се залага за оперативност на својата веб-страница 24/7. Во случај на привремена недостапност односно прекин на пристапот до страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контрола на НГ-ИТ Лабс, не преземaме било каква одговорност и не можеме да Ви гарантираме постојан пристап.

Корисниците кои пристапуваат до официјалната страница на НГ-ИТ Лабс ги имаат следните права:

  • Да ја прегледуваат содржината.

  • Да превземаат, преведуваат или користат дел од информациите поставени на страницата исклучиво само со цитирање на изворот.

НГ-ИТ Лабс го задржува правото да ја менува содржината и структурата на веб страницата во секое време без претходна најава. Податоците и информациите објавени на оваа веб-страница се од информативен карактер и се сметаат за точни во времето на нивното последно ажурирање. Производите и услугите опишани на оваа веб страница се однесуваат исклучиво на НГ-ИТ Лабс и се во комплетна сопственост на НГ-ИТ Лабс и секој обид да се промени изгледот и содржината на страницата, со исклучок на правниот сопственик НГ-ИТ Лабс и дозволува на компанијата еднострано и без последици да ги користи своите права и да побара санкции за сторителите од надлежните служби. Логото на sakamigracka.mk  припаѓа исклучиво на НГ-ИТ Лабс и не може да се користи без да се има претходна писмена согласност. 

Датум на објава на Услови на користење:
18.11.2023