ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Правото на приватност и заштита на личните податоци претставува наш приоритет и обврска. Секој купувач при користење на формите на нашата веб страница изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика за приватност.

Вие може да одлучите да ни дадете одредени Ваши лични податоци преку веб-страницата, и тоа:  

  • име и презиме,
  • податоци за контакт (адреса, е-маил, телефон, град, поштенски број)
  • IP адреса (се зачувува автоматски)

Ве охрабрубаме да НЕ оставате дополнителни непотребни лични податоци, како што е ЕМБГ, во текстот за пораки.

Сите вработени во нашата компанија се обврзуваат да ги чуваат личните податоци и обучени се да обезбедат тајност и заштита при нивната обработка.

Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.

Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин:

  1. Видови на податоци кои ние ги собираме
  2. Процес на регистрација на корисници, најава на корисници, купување на производи, претплата за маркетинг (Newsletter)
  3. Како ги собираме личните податоци
  4. Цели за користење на податоци
  5. Како ги чуваме и колку долго ги чуваме на личните податоци
    • Безбедност на податоците
    • Рок на чување на личните податоци
    • Податоци поврзани со плаќање на нарачка
  6. Пренос на лични податоци
  7. Маркетинг
  8. Пристап и промена на Вашите податоци
  9. Социјални мрежи и електронска пошта
  10. Приватност на трети страни
  11. Кои се Вашите права во врска заштитата на личните податоци
  12. Промена на политиката за приватност
  13. Како да нѐ контактирате
  14. Како да ја контактирате Агенцијата за заштита на личните податоци

1. ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ НИЕ ГИ СОБИРАМЕ

Собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници — Лични податоци и Нелични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт.

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ – Лични податоци се податоци кои идентификуваат или можат да идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на нашата веб-страница, креирање на профил, порачување производ или друга услуга од нас, Вие внесувате Ваши лични податоци. Во зависност од активноста податоците се задолжителни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност. Кои видови на лични податоци ги собираме зависи од природата на Вашето барање.

Ги користиме личните податоци исклучиво за целта за која ни ги давате, имено за постапување по Вашите барања. Доколку добиеме Ваша дополнителна согласност, личните податоци можеме да ги искористиме за маркетинг и промотивни цели, за да го подобриме работењето на веб-страницата, за да ја анализираме корисноста на веб-страницата, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци.

НЕЛИЧНИ ПОДАТОЦИ – Нелични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Ние, и/или нашите овластени трети страни – бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, можат автоматски да ги соберат овие нелични податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки.

2. ПРОЦЕС НА РЕГИСТРАЦИЈА НА КОРИСНИЦИ, НАЈАВА НА КОРИСНИЦИ, КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ,  ПРЕТПЛАТА ЗА МАРКЕТИНГ (NEWSLETTER)

– Доколку сакате да се регистрирате на нашата веб страница, потребно е да ги внесете Вашите лични податоци:

– име и презиме,

– податоци за контакт (адреса, е-маил, телефон, град, поштенски број)

– IP адреса (се зачувува автоматски)

Откако сте веќе регистрирани на нашата веб страница, за да се најавите, потребно е да ги внесете Вашите лични податоци:

– е-маил – лозинка

– IP адреса (се зачувува автоматски)

По внесувањето на овие податоци, пред копчето “Регистрирај се” или “Откажи” се наоѓаат две полиња за штиклирање:

1.       “Изјавувам дека сум запознат, се согласувам и ги прифаќам општите услови и политика на заштита на личните податоци, објавени oвде.”

2.       “Изјавувам дека сум согласен да бидам известуван за сите новости, актуелности и промотивни активности на е-маил адресата дадена при регистрацијата”

Процесот на регистрација не може да заврши, доколку корисникот не го штиклира првото поле, односно не се согласи со општите услови и политиката на заштита на личните податоци. Доколку корисникот не се согласува со општите услови, тој не може да биде регистриран и не може да ги користи услугите достапни на веб страницата.

– Во процесот на купување на производи, потребно е да се внесат: име, презиме, телефон, адреса, општина, место и поштенски код. По внесувањето на овие податоци се појавува опција за одбирање на постоечката адреса или можност за внесување на нова адреса. Потоа може да се одбере начин на плаќање.

– Со цел полесна комуникација со нас, на нашата веб страница постои веб форма за контакт, при што во формата е потребно да се внесат следните податоци: име и презиме, телефон, компанија  и порака. По внесувањето на овие податоци, пред копчето “Испрати порака” се наоѓа поле за штиклирање:

1. “Изјавувам дека сум запознат, се согласувам и ја прифаќам политика на заштита на личните податоци, објавена овде , и се согласувам да бидам контактиран за потребите на одговор на моето барање.”

Процесот на испраќање порака не може да заврши, доколку корисникот не го штиклира полето, односно не се согласи со политиката на заштита на личните податоци. Доколку корисникот не се согласува со политиката, тој не може да испрати порака преку веб страницата.

Со клик на полето “Испрати порака” Вашата порака се проследува до нас, при што добивате потврда за тоа. Доколку во пораката оставате дополнителни лични податоци се смета дека сте согласни со нивната обработка и одговарате за точноста на тие податоци.

– Во процесот на претплата за маркетинг и промоции, корисникот внесува е-маил адреса и притиска на полето “Пријави се”.

3. КАКО ГИ СОБИРАМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Вие директно ни ги давате Вашите лични податоци преку пополнување на соодветни формулари на нашата веб-страница, односно ние обработуваме исклучиво лични податоци добиени од Вас, како субјект на лични податоци. Вие имате целосна контрола врз Вашите лични податоци кои ни ги давате и можете во секое време да ги проверите, менувате, бришете Вашите лични податоци со користење на обрасците достапни на нашата веб-страница, или преку нашата веб-страница.

Ние не ги собираме Вашите лични податоци од други извори, односно не обработуваме лични податоци кои не се добиени од Вас како субјект на личните податоци.

4. ЦЕЛИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Ние ги користиме Вашите лични податоци исклучиво за целта за која сте ни ги дале.

а) Правење и реализација на Вашата нарачка

Во секое време, преку нашата веб страница имате можност да направите нарачка и да платите за таа нарачка. Личните податоци добиени со цел правење и реализација на Вашата нарачка нема да ги користиме за промотивни или други какви било цели, освен ако имаме Ваша согласност за тоа.

Собраните податоци кои се образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци се обработуваат со цел:

  • постапување по Вашите барања;
  • работење, одржување и подобрување на нашиот веб сајт;
  • да се овоможи процесот на креирање на нарачка и нејзина испорака; 
  • да Ви одговараме на Ваши барања и прашања;
  • да комуницираме и Ве информираме за дополнителни работи.

б) Грижа на корисници и одговор на Ваши барања

Интеракцијата помеѓу нас и Вас, преку електронска пошта или преку Вашиот профил на социјалните мрежи се реализира исклучиво доколку самите изразите желба да стапите во контакт со нас преку социјалните мрежи или електронска пошта. Ние се обврзуваме да Ви одговориме на сите ваши прашања и нејаснотии, а личните податоци нема да ги користиме за промотивни или други какви било цели освен за обезбедување на потребната помош и информација со цел грижа на своите корисници.

5. КАКО ГИ ЧУВАМЕ И КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

5.1. Безбедност на податоците

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни технички и организациски мерки со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Вашите податоци се чуваат на безбедни сервери во сопственост на нашиот хостинг провајдер, кои се наоѓаат во Ashburn (Virginia, US) Council Bluffs (Iowa, US) Dallas (Texas, US).

5.2 Рок на чување на личните податоци

Лични податоци кои ни ги имате дадено се чуваат различен временски период, во зависност од законските услови, како и Вашите барања и потреби. Лични податоци од Вашиот кориснички профил се чуваат сѐ додека постои Вашиот кориснички профил. Доколку сакате да го избришете Вашиот кориснички профил, тоа можете да го сторите во секое време преку панелот за корисници на нашата веб страница. При бришење на Вашиот кориснички профил, неповратно се бришат Вашите лични податоци од активните системи (live systems), па затоа нема да добивате известувања од нас и нема да можете да ги користите услугите преку нашата веб страницата.

Нарачките кои сте ги направиле преку Вашиот кориснички профил се чуваат 5 години, сметано од денот на бришење на Вашиот кориснички профил.

Личните податоци од корисничкиот профил, заедно со датумот на создавање на корисничкиот профил и датумот на бришење на корисничкиот профил се чуваат 5 години, сметано од денот на бришење на Вашиот кориснички профил.

Личните податоци за претплатниците од промотивни е-маил пораки (Newsletter) се чуваат сѐ додека претплатникот не се одјави од услугата.

По истекот на роковите на чување на личните податоци, истите неповратно се уништуваат со безбедно електронско бришење, согласно политиката за начинот на бришење на документи.

5.3 Податоци поврзани со плаќање на нарачка

Заштита на личните податоци при користење на (SSL) технологија како обработувач за плаќање

Податоци за плаќање: Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме Халк Банка која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, единствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани. 

При плаќање on-line со платежна картичка, ние не бараме ниту пак доаѓаме во контакт со било какви информации од финансиска природа како број на Картичка и/или број на банкарска сметка.

Доколку како начин на плаќање изберете плаќање со платежна картичка, наплатата ќе биде процесуирана преку порталот за наплата од платежни картички на Халкбанк АД Скопје којшто користи најнова технологија за заштита на Вашите податоци. Бројот на Вашата картичка се испраќа преку сигурна конекција до Халкбанк и веднаш по завршувањето на трансакцијата се брише.

НГ-ИТ Лабс воопшто не доаѓа во контакт со бројот на Вашата платежна картичка, ниту пак за тоа има потреба.

6. ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ние не вршиме пренос на вашите лични податоци надвор од Р. С. Македонија.

7. МАРКЕТИНГ

Повремено можеме да вршиме директен маркетинг, на начин што на корисниците кои се согласиле и се претплатиле, им испраќаме известувања за сите новости, актуелности и промотивни активности, на нивната е-маил адреса. Во секое време можете да ни забраните да Ве конткатираме за цели на директен меркетинг, на начин што ќе ја повлечете согласноста за директен маркетинг преку пополнување на Образец за повлекување на согласност на субјектот на податоците , или пак преку опцијата Unsubscribe (одјава) во е-маил пораката.

Во секое време можете повторно да ја дадете Вашата согласност за директен маркетинг преку внесување на Вашата е-маил адреса во полето “Newsletter” достапно на нашата веб страница.

8. ПРИСТАП И ПРОМЕНА НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ И БРИШЕЊЕ НА ПРОФИЛОТ

Можете да пристапите, промените или да ги избришете Вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на секцијата “Мои податоци”.

Ние Ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци доколку тие се променат.

Доколку сакате да го избришете профилот тоа може да го сторите со логирање на Вашиот профил, преку секцијата „Мои податоци“ па со едноставен клик на полето „Избриши го мојот профил“.

По клик на ова поле, ќе се појави ново прозорче со следниот текст: „Дали сте сигурни дека сакате да го избришете Вашиот профил? *доколку сте сигурни дека сакате да го избришете Вашиот профил, на Вашиот е-маил со кој се имате регистрирано ќе добиете е-маил порака со линк на кој треба да кликнете како би го потврдиле бришењето на профилот.“

По потврдување на полето, ќе Ви стигне е-маил порака од нас на Вашиот е-маил со кој се имате регистрирано, со прилог линк на кој треба да кликнете за да го потврдите бришењето на профилот. По клик на линкот, ќе Ве пренасочи на нашата веб страница, каде што ќе има известување дека Вашиот профил е успешно избришан. Со клик на линкот испратен на Вашиот е-маил, веќе нема да имате пристап до Вашиот профил, Вашите нарачки и другите активности и нема да може да ги користите услугите кои ги нудиме за регистирани корисници.

9. СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ И ЕЛЕКТРОНСКА ПОШТА

Со поврзувањето со нас преку социјалните мрежи и е-маил Вие се согласувате дека ни давате дозвола да вршиме интеракција со Вас преку Вашиот профил на социјалната мрежа и е-маил со цел да ви обезбедиме соодветна помош или совет за Вашите прашања и/или дилеми.

10. ПРИВАТНОСТА НА ТРЕТИ СТРАНИ

Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на нашиот сајт. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица. 

12. КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА ВО ВРСКА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да добиете информации коишто се доставуваат при собирање на лични податоци

Ова право се остварува на начин што пред пополнување на формите на нашата веб страница, сте упатени да ги прочитате и да се согласите со овие правила, во кои се наведени сите потребни информации согласно член 17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци.

  • право на пристап на субјектот на личните податоци

 Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на нашата адреса, или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса support@sakamigracka.mk

  • право на исправка

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да ги исправите податоците преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на секцијата “Лични податоци”. Податоците се ажурираат веднаш по нивно зачувување од страна на корисникот.

Доколку сметате дека се неточни или нецелносни Ваши лични податоци кои не можат да се исправат преку пристапување на секцијата “Мои податоци”, за тие податоци во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да достави барање по пошта на нашата адреса или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса support@sakamigracka.mk. По ваквото барање ќе биде постапено во рок од 15 денa.

  • право на бришење („право да се биде заборавен“)

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на нашата адреса или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса support@sakamigracka.mk.  По ваквото барање ќе биде постапено во рок од 30 дена.

  • право на ограничување на обработката

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на нашата адреса или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса support@sakamigracka.mk

  • право на преносливост на податоците

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на нашата адреса или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса support@sakamigracka.mk

  • право на приговор

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете приговор против обработката на Вашите лични податоци, и тоа преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на нашата адреса или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса support@sakamigracka.mk

Правото на приговор се однесува на обработка на личните податоци која е:

– потребна за извршување на работи од јавен интерес или при вршење на јавно овластување на контролорот,

– потребна за целите на легитимните интереси на контролорот или на трето лице

– за целите на директен маркетинг, вклучително и профилирање до оној степен до кој истото е поврзано со директниот маркетинг

  • право да не бидете предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете приговор против обработката на Вашите лични податоци, и тоа преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на нашата адреса или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса support@sakamigracka.mk

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци – на следниов e-mail: oficerlicnipodatoci@gmail.com            

Со цел полесен пристап до давањето и повлекувањето на Вашата согласност за обработка, во прилог се обрасци, и тоа:

Образец 1: Образец за согласност на личните податоци

Образец 2: Образец за повлекување на согласност на субјектот на податоците

Образец 3: Oбразец за барањето за пристап до податоците на субјектот на личните податоци

14. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ

Политиката за приватност редовно ќе се преоценува, а по потреба менува и дополнува соодветно на настанатите промени во нашите активности, како и развојот на технологијата. Ве молиме проверувајте ги политиките за да бидете информирани при евенутални промени. Оваа политика е донесена на 19.11.2023 година.

15. КАКО ДА НЀ КОНТАКТИРАТЕ

За сите работи поврзани со Вашите лични податоци можете да нѐ контактирате на еден од следните начини:

– да доставите барање по електронска пошта на е-маил адресата support@sakamigracka.mk

– со пополнување на контакт формата достапна на нашата веб страница

Контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци на e-mail: oficerlicnipodatoci@gmail.com тел. +389 79 401 370

16. КАКО ДА ЈА КОНТАКТИРАТЕ АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Агенција за заштита на личните податоци

бул.„Гоце Делчев“ бр. 18, 1000 Скопје,

тел:++ 389 (2)3230 635

Е-маил: info@privacy.mk

Web: https://dzlp.mk/

Скопје, 19.11.2023